Во посета на пермакултурните градини во Шипка, Бугарија
Едукација / Одржливост / Пермакултура

Дали светот ќе го наранат мали или индустриски производства на храна? Колку можат да бидат ефикасни малите фарми? Стигнавме до Бугарија да ги дознаеме одговорите. И се шират насмевки на сите страни.

http://www.balkep.org/ е проект за поликултурно пермакултурно производство на мали површини кое го спроведуваат Пол и Софи од Британија во Шипка, централна Бугарија. Тие се на патот да докажат (веќе успешно) дека може да се егзистира од мала поликултурна фарма и дека истата може да достигне продуктивност еднаква и подобра на големите индустриски производства. Истовремено, огромната добивка од малите поликултурни фарми  е дека тие се биолошки ОДРЖЛИВИ – го одржуваат биодиверзитетот и ја оплодуваат почвата и не ги загадуваат останатите ресурси (воздух, вода) и долгорочно влијаат кон поставување на успешен систем на поврзаност помеѓу елементите, растенијата и животните, инсектите. Таа поврзаност, вродува со плодови кои се здрави, хемиски не третирани и произведени во согласност во природните принципи.

Пол и Софи сите резултати и методи ги објавуваат јавно со цел тие да бидат достапни и реплицирани за да мотивираат и инспирираат и други. Доколку имате желба да научите повеќе и да волонтирате кај нив, обратете им се директно, или пак контактирајте не нас да ве поврземе. Вообичаено волонтерските акции се објавуваат на почетокот на пролетта (март) и завршуваат на почетокот на есента (сеп).

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉