Компостирање во двор
Стории

Компостирање?

Пред да дознаам што е компост, како и сите во Македонија – органскиот отпад од дома, заедно со други отпадоци (остатоци од овошје, зеленчук, лушпи од јајца, непечатена хартија) ги фрлав во пластична кеса – од Веро најчесто. Затоа што се беспари кесите!! А плус викаат и био разградливи биле. Потоа во контејнер, стандардно а попатно за да не капе – во уште една кеса! Да не ми се цеди по скали.

Не можам ни да се сетам кога и зошто се заинтересирав за компост….веројатно тоа дека отпадоците кои се распаѓаат на отворено ги пакуваме сигурно во една или повеќе пластични кеси и со тоа правиме голем природен проблем и непотребно додаваме ѓубре на отпадите, или при посетите на производители го гледав по пат ОВА чудо……

ѓубре
Една од 3те диви депонии на патот Скопје – Умин Дол – Куманово

или можеби идејата дека фрламе ресурси…ми влезе бубачката и сега ги малтретирам сите по ред, и тебе 😉

Компост е место каде го собирате и природно се распаѓа органскиот отпад (под органски не подразбирам само остатоци од органски плодови, туку се што може да се компостира – остатоци од овошје, зеленчук…) со помош на магијата на природата. По неколку месеци од нешто што навидум е отпад, добивам домашно ѓубриво кое потоа го користам (е неопходно всушност) во градината. Една голема предност е – што знам од каде потекнува ѓубривото и што содржи во него. Дека не доаѓа од фарма на која животните ги ранат со концентрат, или од нечиста средина. Затоа што многу потребнит микро и макро нутритивните елементи кои моите растенија ги добиваат од компостот во градината потоа – се хранат со нив.

kompost
Мојот компост во Горно Нерези

Има повеќе видови на компост, и начини како тој да се организира. Истражете, интернетот е преполн со информации и објаснувања. Доколку сепак не најдете што ви е потребно, стоиме на располагање за искуства (контактирајте не на info@dobrazemja.org). Една поука од моето искуство – компостот не го дистанцирајте премногу од кујната/балконот. Вообичаено (како што сме програмирани  ние луѓето) првата идеја која ни доаѓа е – да го лоцираме во ќошот во двор да не ни мириса и да не собира мушички. Епа следејќи ја таа логика, го поставив на најдалечниот крај. Математиката е следната:

Од кујната/балконот од која имам излез за во двор према компостот, до локацијата каде што го лоцирав има 30м (и назад, тоа се 60м). Дневно одам најмалку еднаш, за мушичките од отпадот не ми се собираат дома, нели. Тоа се 60*7=420м. неделно, или 420*4=1.680м месечно, или 1.680*12= околу 20км годишно! Доколку одам со просечна брзина од 4км/1ч, годишно дома минуваме 5ч пешачеќи. Што и можеби не е лошо од повеќе аспекти ќе кажете 😉 но тука зборуваме за ефикасност на системот кој го градиме, или се обидуваме да направиме некоја организација. Можев да садам босилек, да се галам со кучето, или да ги спијам тие саати. Дополнително на тоа дека отпадот ни се намали за најмалку 50%….помалку придонес кон Дрисла, повеќе саати за спиење – што повеќе може да посака човек.

Со среќа

Биљана Филиповска, лето 2016

Под “стории” објавуваме лични приказни, искуства и впчатоци за природата и природниот пристап кон животот и употреба на ресурсите. Доколку сакате да споделите своја приказна, контактирајте не info@dobrazemja.org.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉