Посета полошски регион

Шармирани од можностите на подножјето на Шара, а во потрага по сродни души кои произведуваат без хемиски препарати, во 2015 се упативме да посетиме жители на регионот кои за своја душа поминуваат доста време во своите градини. Во надеж дека имаат и вишоци.

Контактите и идеите за посетите ги реализиравме при наша презентација на Органика – проект за поттикнување на органското производство во регионот кој се одржа во Тетово непосредно пред нашата посета:

Рекорд за реализирани посети ни преставува пет / дневно. Тука, се задржавувавме подолго поради интересните муабети – ги посетивме Прељубиште, Жилче и Непроштено. Не-проштено!

На патот за Лешок бевме пречекани од голем љубител на животни. Со своерачно изградено засолниште за нив, производителот ги има откупено сите кокошки за да ги спаси од живот во затворен постор без да видат бел ден. Секојдневно се пуштени на отворено, и доколку не сте се дружеле со коковчиња од близу, сериозно го препорачуваме – терапија и природно средство за опуштање;-) Имавме прилика и прв пат во живо да видиме како расте артичока (лилаков цвет – види слика).

Втората посета беше кај фамилија која има ПРЕКРАСНА градина. Во позадината веднаш до куќата, со постојат извор на вода и можност за честа посета – градината имаше се` што човек може да посака – лешникови дрвја, едногодишни зеленчуци, мисирки, кокошки и пауни, овошки и пчели. Не послужија со прекрасна лубеница и домашни капини и ни го продолжија животот. Набавивме мисиркини јајца за да пробаме, и продолживме понатаму со насмевки.

 

Третата и последна посета не одведе до производител на пченка и пиперки. Во недостаток на органски клавчиња, стигнавме до полињата кои не беа третирани со вештачко ѓубре, но беа засадени на почва која претходно била. Од тие причини производите не беа прифатливи, но искуството и посетата беа незаменливи – особено да се види запалена цигара помеѓу пченките!

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉