Прва конференција за социјални иновации
Некатегоризирано

Додека се подготвуваме за Првата конференција во регионот посветена на социјалните иновации, на радио 05.09 го најавија како последниот топол ден ова лето. Денеска во киното „Фросина“ – во Младинскиот културен центар во Скопје беше правото место каде да се испрати летото и да се осети топлина и од луѓето присутни – наши и странци, со заедничка нишка – општествена вредност. Имаше разни профили – преставници од фирми, амбасади, проекти и невладини – но сите, или повеќето, кога ќе им спомнеш дека бројките во екселот треба да бидат позитивни на крајот – вртат глава. Ако општествната вредност не е на прво место – екселот станува небитен.

Самото случување на конференцијата беше битно од аспект на тоа дека темата социјално претприемништво се шири и се влијае за нејзино проширување и распознавање. Инспиративни говори на социјални иноватори од Австрија, Германија, Полска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија го збогатија менито.
Настанот беше во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ Скопје, МладиИнфо Интернационал, Импак хаб Скопје и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ (издавач на уличното списание „Лице в лице“), а беше заокружена со панел дискусија „Од иновација до влијание: вмрежување и прибирање средства за социјален бизнис“ со панелисти од земјава и од Европа.

Не одушевија комшиите – рачно изработена хартија од лица со попреченост, торби, Крушевски дамски специјалитети, органски плодови од Покров, восок од пчели со природни масла како мелем….за душа од One Can невладината за самохрани мајки.

Да не поминеше во МКЦ денеска, немаше да знаеш дека постојат вакви активности во Македонија, прекрасно, инспиративно дека покрај се и опстојуваат.

Наша Добра Земја учествуваше со презентација на органските производи.

Благодариме Лице в Лице за поканата, и за динамичната слика во новиот број 🙂

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉