
Прогласени наградите за SIA 2016
Социјално претприемништво 2016 – во организација на HUB Скопје секоја година се одржува натпревар за социјални бизнис идеи кои може да се на самиот свој почеток или веќе да функционираат. Апликантите поминуваат процес на селекција од жири, а финалистите подготвуваат видео за својата идеја и одржуваат презентација пред жирито. Оваа година идеите кои беа влезени во финале беа следните: http://socialimpactaward.mk/2016/09/20/glasanje-na-publikata/
Вчера се одржа церемонијата за прогласување на победничките 3 идеи кои добија парична награда, и 4та идеја со најмногу гласови од публиката која добива консултантска помош и патување во Австрија заедно со останатите победници.
Наша Добра Земја го освои првото место во 2015 и благодарение на Шпаркасе која ни додели 3.000 евра како парична награда, успеавме да завршиме со имплементација на неколку започнати активности во задругата. Но највеќе од се` – добивме препознатливост и поддршка на самиот почеток со работа како регистриран субјект.
Вчера преставник на задругата им посака среќа на учесниците, а победничките идеи имаат убава врска со Наша Добра Земја – второ место освои ресторанот Фрешис, чии основач е и задругар во Наша Добра Земја, трето место освоија Ана и Емил за конструкција со сламени бали – наши драги пријатели, првото место го освои проектот Слушни Слика – им посакуваме успех во реализацијата на идејата.
Секоја чест за организацијата!
