
Фестивал на органска храна
Утрото беше дожливо и облачно. Кога го нема сонцето потешко се наоѓа инспирација за фестивал на плоштад, но што се мора не е тешко;-)
И затеравме – компирите, тиквите, мед, сапунчиња….
Имаше околу 15тина излагачи. Покрај нас, уште 2-3 медари, 1-2 козметика, 2ца трговци на увезена органска храна, еден производител на свежи производи, еден на вино. Кога разговараме за настанот со агенцијата која го организираше, не информираа дека им било доста тешко да најдат излагачи од секторот. Секако дека можеше да има и повеќе – особено кога не се плаќаше ниту за тезгата, ниту за било што друго, но секако според нас подобро да се одржи било каков фестивал за органска храна отколку никаков.
Посетителите беа луѓе на место 😉 Има настано на кои публиката е толку различна и општа што воопшто не е соодветна за органскиот сектор. На овој фестивал поминаа луѓе што разбираат што збориме и уживавме во саглам муабет и коректност.
Дел веќе не познаваа, знаеја и за кошничката, и за концептот…но добар дел прв пат видоа дека во Македонија постои органско производство на свежи производи.
