Отворен ден со “Пријателите на Шара”
Некатегоризирано

Отворен ден со пријателите на Шара

Денеска бевме во посета на „Пријателите на Шара“ – неформална група на здруженија на граѓани од тетовскиот регион кои сакаат Шар Планина во иднина да ја видат како национален парк. Основачките здруженија на платформата се Македонско еколошко друштво од Скопје, Институтот за развој на заедницата од Тетово, планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово и Центарот за едукација и развој од Теарце.

Во рамките на отворениот ден што се одржа денеска во Тетово организирана беше изложба на фотографии од наградниот конкурс за најубава фотографија од Шар Планина.

На настанот беше изложена и органска храна на производители од овој шарпланински регион – преставниците на Наша Добра Земја остварија контакти со производителите и веќе е најавена соработка со производителите и нивен пласман на производите во Скопје.

IMG_5987 IMG_5989 IMG_5992 IMG_5993

Прочитајте повеќе за иницијативата Шара да стане Национален Парк тука.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉