,,МИКРОЕКОˮ решение за макропроблемите во земјоделството и животната средина
Едукација

Линданот е органохлорен пестицид кој од страна на IARC (International Agency for Research on Cancer), во јуни 2015 год. е класифициран како канцерогена супстанца од категорија 1. Во 2009 година линданот и два од неговите изомери беа вклучени во Стокхолмската конвенција за неразградливи органски загадувачи (POPs), со цел да се постигне глобална елиминација на овие супстанции.

Според податоците на POPs канцеларијата при МЖСПП, во 1999 г., потрошувачката на пестициди во земјоделството била 462 t годишно. Но, тогаш не биле забранети за употреба дел од пестицидите кои во моментов се на листата на Стокхолмската Конвенција. Со оглед на количините на пестициди кои се користеле во минатото, од 1950 -1999 г., а особено во седумдесетите години на минатот век, а имајќи ја предвид нивната перзистентност, се очекува дека голем процент од површините на почвите има одредено загадување со овие супстанции.

,,Фармахемˮ во моментот работи на проект преку кој паралелно се развиваат иновативен производ и услуга, од кои најголем бенефит ќе имаат земјоделците кои поседуваат земјоделски обработливи површини, а особено регистрираните произведувачи на органска храна во Македонија. Тие ќе најдат примена и во заштитата на животната средина на секое место каде има информации дека во минатото прекумерно се користеле органохлорни пестициди.

Производот за биоремедијација на загадени почви со прочистување на линданот и други пестициди е во фаза на развој. Со него ќе се третираат пониските концентрации, со потполно природен препарат изработен од аеробни гранулирани автохтони микроорганизми, екстрахирани од самата почва која се третира. Производот ќе биде изработен со zero discharge технологија која нема да ја загадува животната средина. Предноста е што е еколошки прифатлив производ, значително поефтин во однос на познатите физичко-хемиски технологии за ремедијација на почвата, но  и безбеден за аплицирање на обработливите површини.

Преку својата акредитираната лабораторија според ISO 17025, „Фармахем“ ќе помогне во следење на концентрациите на пестициди при аплицирање на производот, што е предмет на научноистражувачката работа во проектот ,,МИКРОЕКОˮ. Со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој, набавена е соодветна опрема со што лабораторијата стана единствена во Македонија со акредитирани методи за земање и анализа на пестицидот линдан и неговите изомери во почва. Досега, сите вакви анализи на почва се правени во акредитирани лаборатории надвор од нашата држава.

Со реализациja на проектот, ќе се придонесе за решавање на горливиот проблем со загадувањето на почвите, а со тоа индиректно и подземните и површински води, воздухот, како и земјоделските производи кои директно влијаат врз здравјето на луѓето. Резултатите на овој проект индиректно ќе доведат и до подигање на јавната свест за состојбата со животната средина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉