
Прогласени најдобрите зелени идеи 2016
Зелени Идеи за Филантропија е натпревар кој се одржува секоја година во Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора. Израбните 3 најдобри зелени идеи од секоја земја се натпреваруваат на регионален натпревар на кој се избираат 3ца победници кои добиваат по 10.000 американски долари за реализација на презентираните идеи. Задругата Наша Добра Земја во 2015 беше првиот македонски победник во историјата на натпреварот. Жирито лани идејата која ја препозна како победничка беше “Поддршка на 5 мали органски локални производители”.
Оваа година бевме поканети да учестуваме во жирито. Македонија на крајот на јули во Србија ќе се натпреварува со следните идеи:
- Поставување на машини за собирање на искористеното масло за јадење од Стефан Перчинков – искористеното масло за јадење истурено во мијалниците загадува огромни количини на вода. Со оваа идеја, Стефан предлага секој кој ќе го однесе искористеното масло до машината, ќе добие и парична надокнада за тоа.
- Идеја за рециклиран мебел од Марта Мојсова – прекрасните стари парчиња мебел од минатото добиваат шанса за нов живот, на еко начин.
- Изградба на енергетски ефикасни домови од сламени бали по достапни цени од Ана Рафаиловска – повелете на работилницата Сламаала на почетокот на август за и директно да се запознаете со овој еколошки и докажан метод на изградба на домови.
Секој проект во себе треба да ја содржи еколошката (зелена), социјална и претприемничка компонента. Организацијата АРНО го спроведува натпреварот на национално ниво.
Регионалниот натпревар ќе биде 27-29 јули во Србија. Ги чекаме новите 10.000 американски долари во Македонија 😉
