Стандард за производство на храна Наша Добра Земја
Едукација / Одржливост

Потребата за свој стандард за производство на храна ја увидовме главно преку фактот дека органското производство е комерцијално и истото не ја задржува компонентата на еколошка одржливост и нема за цел да ги развива локалните заедници – две главни вредности кои ние ги застапуваме и без кои, сметаме, дека органскиот пазар ја губи својата смила. За нас органско производство подразбира локално, на мали површини, производство кое не ги исцрпува ресурсите. Од тие причини, сакаме да се обидеме за воспоставиме свој систем на социјална инклузија, развој на локалните заедници преку задржување на средствата во нив и поддршка на локалните производители.

Повелете да го превземете стандардот, истиот е обид во таа насока, и е отворен за понатамошна доработка и имплементација.

Стандардот е отворен и слободен да се користи за Ваши потреби, но неопходно е да се наведе изворот од каде го имате превземено (Наша Добра Земја).

Превземете: Стандард за производство на храна на Наша Добра Земја

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉