Пролет и мирисот на свежо искосена трева
Стории

Работам, слушам бучава, погледнувам комшијата платил косачи да ја косат тревата во дворот. Куќата е празна, никој всушност не живее во неа, но редовно се одржува. Едниот коси со електрична косилка, другиот со коса:-). Веднаш си  помислувам: супер хемиски нетретиран ресурс.

Излегувам одам до комшијата и го прашувам дали ќе ја користат тревата за нешто. Ме погледнува со блага насмевка вели:

„Не, ја фрлаат подолу по улицата„.

„Супер – велам – дали би можела да добијам една вреќа?„

„Се разбира – вели тој  и прашува – дома чувате нешто?„

„Не, – велам – за цвеќето и билките на терасата ми е да ги покријам да не се сушат летно време„.

Благата насмевка е зачинета со матен поглед и поткрената веѓа. Одам до косачите и ги замолувам да ми ја наполнат вреќата од таа тревата косена со коса.

„Нема проблем девојче„ – се насмевнуваат.

treva
Терасата во канцеларијата каде што работи Сандра, пролет 2016

Се враќам во канцеларија и слушам како надвор вредно се работи и се радувам имам трева за растенијата, ќе му однесам и на пријателот каде викендов засадивме домати и пиперки.

Излегувам по половина час, вреќата полна, љубезно ми помага едниот косач и ми ја качува на терасата. Ја распостилам тревата на балконот, за убаво да се исуши, колегите се чудат, а јас го вдишувам мирисот на свежо искосената трева, уживам и се радувам. Ја проверувам прогнозата, супер нема да врне до петок, а и тогаш дали, таман да се потсуши. Гледам терасата е преполна ќе има доволно си викам и за покривање на садниците, а можеби и за ѓубриво да направам.

Оваа трева ја спасив, си велам и жално ја гледам тревата што ја носат накај ѓубрето. Помислувам на тоните трева искосени по јавните површини во градот, како неискористени скапуваат на некое буниште …

Член на Наша Добра Земја, пролет 2016

Под “стoрии” објавуваме лични приказни, искуства и впчатоци за природата и природниот пристап кон животот и употреба на ресурсите. Доколку сакате да споделите своја приказна, контактирајте не info@dobrazemja.org.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉