Берба на гоџи бобинки
Кој не бил на нива на јако сонце – да ќути:) После искуството на 40Ц да береме гоџи бобинки ги цениме многу повеќе не само гоџи-то туку сите оние берачи кои по цели денови се по плантажи за ние да јадеме – под клима.
Акцијата беше еднодневен волонтерски ангажман од страна на Наша Добра Земја на плантажата на органски гоџи бобинки на Таки Ѓеорѓиев, во близина на Радишани. Уживавме во искуството, но некои од нас (неискусните) заработија и сончаница 😉

Актуелно