Есенцијално масло од нане
Потребни состојки: листови од нане (свежи, без црни дамки), базно масло (по можност да не е ароматично), стаклена тегла и толчник.
Се ставаат листовите нане во толчникот и лесно се толчат без многу да се оштетат а доволно да ја ослободат пеперминт аромата. Се ставаат листовите во тегла, се додава маслото, добро се затвора и се протресува. Потребно е сите листови да бидат потопени во маслото. Теглата се остава на топло место (не директно изложено на сонце) 24 часа. Следниот ден се цеди низ газа и се повторува процесот следните 3 дена со нова тура свежи листови од нане, се додека не се добие посакуваниот интензитет на арома на маслото. Внимание: при цедењето внимавајте да нема остатоци од листови нане затоа што постои ризик многу брзо да додје до расипување на маслото.
Ако правите домашна козметика, средства за чистење можете да ги ароматизирате со додавање на неколку капки од есенцијалното масло од нане. Можете да го користите и како масло за масажа. Ако користевте обично масло за готвење како базно масло, добиеното есенцијално масло од нане можете да го користите и како додаток во јадењето.
