
- Овој настан помина.
Градење со сламени бали
01.08.2016, 09:00 - 14.08.2016, 18:00 CEST
Иградина те кани на заедничко истражување на сѐ што може да се направи од сламени бали.
За почеток нудиме отворен простор и 1500 сламени бали, да создадеме што е можно поразновидни и поприменливи решенија за употреба на сламените бали во следниве насоки:
– градина од сламени бали
– колиба од сламени бали
– нужник од сламени бали
Секако употребливата вредност на појдовните насоки не ја ограничува креативноста при процесот на осмислување и изведба, така што веројатно е крајните исходи од истражувањето и работата да бидат на работ на скулптуралната уметност.
Целта на оваа сламавантура е да се достигне Сламаала – маала од сламени бали во соседството на Валхала. 😉
Како и кога ќе ја достигнеме целта зависи од заедничкиот придонес на сите учесници во истражувачко креативниот процес на иградба со сламени бали.
За учество и повеќе информации пиши на info.igradina@gmail.com
