
- Овој настан помина.
Наша Добра Земја слави прв роденден!
11.06.2016, 12:00 - 17:00 CEST
Наша Добра Земја е првиот победник на регионалниот натпревар за проекти Зелени идеи и Филантропија 2015 од Македонија. Овој настан ја обединува успешната реализација на проектот, и ПРВИОТ РОДЕНДЕН на Наша Добра Земја!
Агендата (точните времиња за активностите ќе бидат објавени дополнително):
– Работилница за рокет стоув (rocket stove) со правење на органски палачинки и органска супа на него! Дојдете да дегустирате.
– Презентација на 5те производители кои учестуваа во проектот со нивни плодови за размена
– Бесплатен органски пазар на размена: донесете било што органско, земете си органски јајца, расад, семиња, органска храна
– Органски пикник – ќе седиме на трева и ќе уживаме во органски мали закуски. Донесете и некоја нишка поезија или само молчете;-)
– Настап на бендот Перја
Дојдете да запознаете прекрасни луѓе додека дегустирате органски вкусови!
Миленици добредојдени.
Се гледаме!
