Мандала камчиња

Мандала (Sanskrit: मण्डल, круг) е спиритуален и ритуален симбол во Индиските религии, којшто го преставува универзумот. Денеска, мандала се употребува и како генерички термин за диаграми, геометриски симболи кои го преставуваат космосот на метафизички или симболичен начин, микрокосмос на универзумот.

Мандала камчињата се изработуваат релативно лесно и многу помагаат за смирување, медитатција и поврзување со себе додека се изработуваат. А се прекрасни како украс, поклон, лична гордост 😉

Се користат округли светли камчиња, а боите се акрилни (на сликите темперни како за прв пат). Четки може било кои, полесни за успешно нанесување на ситните елементи се тенките четкички. Може да се користи и гумата од молив за поголемите кругови. Основата е црна за поголем контраст потоа на боите кои ќе ги изберете. На сликите е прикажан начинот за најлесно рачно ориентирање за постигнување на симетрија. Се сушат природно (може да испукаат ако “убрзате”) a потоа се заштитуваат со лак за акрилни бои.

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉