Карфиол, модар патлиџан, праз и ориз

Карфиол

Се варат карфиолот и модриот патлиџан во солена вода или на пареа.

Се прави паста во аван: лук, кари, куркума, свеж џумбир, чили, црвен пипер, црн и зелен бибер, семе од коријандер, мајчина душичка, хималајска сол – се толчи додека не се направи паста.

Зеленчук: се пржи кромид, се додава пиперка на поголеми парчиња, праз, потоа варените модар патлиџан и карфиол, домат. Се додава пастата и се меша додека не се спојат сите состојки, се додава малку вода и се вари кратко.

Се вари интегрален долгозрнест ориз.

Се сервира ориз со малку соја сос со кој се измива остатокот од пастата во аванот и се става зеленчук врз него.

Се ставаат и печени печурки и зелена салата како прилог.

Измислува, готви и јаде,

РР

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉