Карфиол со сос од домати и сончоглед
Кромид сечкан на многу тенки ленти, пиперки, карфиол и блитва на средни парчиња. Се пржат малку да омекнат на масло од семки од грозје.
Се додава сос во кој се варат: поцврстите делови и листовите од карфиолот, органски цели домати од тегла/конзерва, лук, куркума, кари, зелен и црн бибер, црвен пипер, зрна коријандер, цимет, сушено луто црвено чили пиперче, сончоглед, таан, хималајска сол – се става со сецко да стане кремасто.
Се става врз карфиолот, на потивко се вари да омекне карфиолот.
Во меѓувреме се вари амарант. На крај се додава маслиново масло во него и се меша.
Измислува, готви и јаде,
РР

Актуелно