Ловец на соништа
Ловците на соништа (Dreamcatchers) потекнуваат од плмето Ojibwe а подоцна билe присвоени од соседните нации преку трговија и социјализација. Во 1960тите и 70тите ловците на соништа биле прифатени од Индијанците кога нивната употреба се распространува. Тие преставуваат симбол на единство помеѓу различни Индијански нации, а воедно и се симбол на индентификација со првите култури во Северна Америка.
Се верува дека оригиналните ловци на соништа се состојат од 8 “краци” кои потсеќаат на пајакова мрежа во која во средината има дупка која не се плете. Се верува дека низ неа поминуваат лошита соништа и негативни енергии, а во мрежата се заткајуваат убавите, пријатните.
Ова преставува наш прв обид за изработка на домашен ловец на убави соништа од материјали кои ги најдовме низ домот. Основата е од лозница која ја набравме после долготраен дожд за да биде доволно флексибилна.
Следат наскоро слики од завршената целосна верзија на ловецот на соништа <3
