Одржливост

Што е всушност „органско“ производсто на храна?

Во последните години зборот органско го гледаме се почесто – и истиот неизбежно добива комерцијална етикета. Што е органско со гаранција значи дека треба да е подобро, и поздраво.

Во принцип, тоа треба и да е така. Во себе, органското производство содржи многу повеќе вредност ако е имплементирано според органските принципи на производство, отколку само обезбедување на храна за човекот која не е третирана хемиски.

Како би го дефинирале органското производство?

За Добра Земја, органско производство е и треба да биде набљудување и приближување на човекот кон природата. Обзервирање на природните принципи и начела на род на плодови, и нивна имитација (или обид за истото). Какви решенија и перфектни соодноси и релации има реализирано природата; како наоѓа одговор за многу невозможни прашања, така и во продуцирањето на плодови – природата точно прави како што треба и кога за тоа ќе се створат соодветни услови.

Поради зголемените потреби за прехрана на човештвото, човекот го напушта блискиот однос со природата и нејзините начела, и секако – проткаено со его, желба за надмоќ и акумулација на материјални добра – се ориентира во целост кон неповратно исцрпување на природните ресурси. А повратно – сее ѓубре и непреработливи материјали кои дополнително ги задушуваат природните ресурси и моќи.

Кој е правиот пат понатаму, како до повеќе органска храна која не е комерцијална?

Следат одговори и текстови на овие теми кои директно или индиректно обезбедуваат решенија за одржливост – ресурсна, во биодиверзитетот, во односите и општествените комерцијални и активистички релации.

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉