Органското производство во Македонија
Првата симболична активност во органскиот сектор во Македонија се забележува во 1997 година, кога Алкалоид побарува прв органски сертификат во земјата со цел дивите билки (липа, камилица) да ги продава како органски на националниот пазар.
Првите системски активности во сферата на органското земјоделие во Македонија практично се имаат случено во 2000та иницирани од страна на ФИБЛ (FIBL) / Швајцарскиот проект за развој и соработка, а подоцна било поддржано производство на органски јапонски јаболка од страна на Швајцарската програма за увоз (SIPPO). Првата контрола на органско производство во земјата се има случено во 2003 година. Првиот сертификат за органско производство е издаден во 2004 год. Законот за органско производство е донесен 2010 год.
Во 2006 околу 500 хектари во земјата биле под органски насади, придонсувајќи со околу 0,4% од вкупната површина под земјоделски насади во земјата.
Цените на органските производи
Со тоа што на пазарот постојат мал број на производители на органски плодови, цените се диктирани од нив како страна со поголема преговачка моќ во случајот. Цените често знаат да бидат повисоки за 100-200 дури во некои случаи и за 300%. Ретко има цени исти на конвенционалните, или пониски од нив (само во случаи кога има вишоци кои не можат да се продадат или производ кој е од втора, трета класа).
Клучни институции и структури за органското земјоделие во земјата
- Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство е водечка институција за органско земјоделие, со сектор за истото;
- Федерација на органски производители
- Државен инспекторат за земјоделство (во рамки на Министерството за Земјоделие)
- Две сертификациски тела (куќи)
- Лаборатоии (не специјализирани)
Останати релевантни институции во земјоделието:
- Агенција за храна и ветеринарство
- Институт за акредитација
- Институт за стандардизација
- Агенција за поттикнување на развој во земјоделието
- Агенција за финансиска поддршка во земјоделие и рурален развој
- Земјоделски институт
Целиот извештај превземете го тука.
