Органското производство во светот
Развојот на органското движење во светот:
- Во 1924 Рудолф Штајнер го одржува првиот „курс“ за органско производство во Кобиерзице, Полска. Во Германија, издавајќи на книгата Спиритуални основи за обновување на земјоделието (Spiritual Foundations for the Renewal of Agriculture), објавена 1924, го популаризира биодинамичкото производство.
- Книгата на Сир Алберт Ховард (1940) Земјоделски тестамент (The Agricultural Testament) била влијателна во промоција на органските техники.
- In 1939, под влијание на Сир Хорвад, Ив Балфур изведува експеримент (Haughley Experiment) на фарма во Англија. Тоа преставува првиот споредбен (објавен) пример за органско и конвенционално производство. После четири години, ја издава книгата Жива почва (The Living Soil), базирана на пронајдоците. Книгата резултира во формирање на Асоцијацијата за почвите (Soil Association) која постои и денеска.
- Во 1970тите, поради загадувањето се случува првата кампања во САД за конзумација на локално одгледана храна “Знај го својот фармер, знај ја својата храна” (Know Your Farmer, Know Your Food). Кампањата денеска е прерасната во државна стратегија.
- Во 1972 е формирана Интернационалната Федерација за поддршка на органското движење во светот (Тhe International Federation of Organic Agriculture Movements IFOAM) во Версај, Франција посветена на ширење на информации и принципи на органско производство преку националните и лингвистичките граници во разните земји.
- Во 1980тите низ светот се дефинира производството, се носат закони и стандарди
- Во 2000тите пазарите за храна, козметика, здравје, и домашни производи расте значително. Се повеќе земји поставуваат формални владини сертификации: во 2002 во САД, 2005 во Кина, 2006 во Канада.
Препорачуваме:
- Филм – Како Куба ја преживеа нафтената криза (How Cuba survived peak oil)
- Филм – Почва (Dirt)
- Првото сеопфатно истражување (21год) за споредба конвенционално со органско производство (FIBL).

Актуелно