Производители

Доколку сте производител на органски и хемиски нетретирани производи, контактирајте не за соработка.

Соработуваме со производители кои се со сертификат органски во преод, органски или немаат сертификат.

Органски во преод – тоа значи дека местото на кое се произведуваат плодовите претходно било третирано со хемиски препарати, и првата до третата година производите добиваат сертификат органско во преод. Овие производи сеуште не се сметаат за органски, но се подобри од тие третирани хемиски. Во некои случаи доколку на земјата не е одгледувано ништо подолго време, овој период може да биде и пократок – една или две години.

Органки производи – овој сертификат значи дека производите ги исполнуваат условите за органски производ според законот за органско производство.

Одобрени од Наша Добра Земја – овие производи се производи кои задругата ги одобрува за продажба, но се без национален органски сертификат. Што значи одобрени од задругата – од повеќе причини еден производител може да не сака да се сертифицира – е мал домашен градинар (кој има нерегуларни вишоци), не верува во сертификација, нема финансиски средства, итн. Наша определба е да соработуваме и со такви производители кои се покажале дека имаат многу знаење за природно огледување на плодовите и се во најчистите предели на земјата. Сметаме дека ваквите производители треба и да ги поддржиме за да не изостанат понатаму од овој агресивен систем на индустриска храна.

Како постапуваме во случаи кога производот нема сертификат за органско производство –

  1. Го посетуваме секој производител, без разлика каде се наоѓа – локација, околина, извор на вода, потенцијални извори на загадувачи во околината, пристапот на производителот, неговото опкружување.
  2. Доколку утврдиме потреба (ако не сме сигурни од било која причина), правиме тест на почвата (резидуи од пестициди и тешки метали), водата (потенцијални загадувања) и на самиот производ (11 најкористени пестициди во РМ).
  3. Овој тип на одобрени производи се особено битни за потрошувачите на кои им се неопходни кога се единствните на пазарот во моментот.

Се обидуваме да воспоставиме стандард за производство на хемиски нетретирана храна на задругата – достапен тука.

Обрнете внимание во продавницата на ознаките. Секоја гајба со производи се означена дали производот е во преод, со сертификат или одобрен од задругата. Прашајте доколку не сте сигурни. Побарајте сертификати, тестови кои ги имаме направено, со задоволство ќе ги споделиме со вас, тие се за тоа.

Доколку сте заинтересирани да земете учество при посетите на производителите тие се отворени за јавноста, контактирајте не на info@dobrazemja.org.Ова се некои од производителите со кои соработуваме:

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉