Сертификација за органски производ
Контрола и сертификација на производител за органското производство (според Законот за органско земјоделско производство) врши сертификациска куќа овластена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Процесот на контрола и сертификација на органското производство почнува со разговор со преставник од сертификациската куќа и со запознавање со условите и правилата што мора да се запазат при органскиот начин на производство (телефонски, или доаѓа во посета преставник на сертификациската куќа со која ќе изберете да соработувате).
- По добивањето на потребните информации и исполнувањето на сите предуслови (дали локацијата е соодветна, оддалеченоста од пат/загадувач, кога и како е користено земјиштето претходно, дали има околни фарми кои третираат со пестициди, итн), потребно е да се пополни апликација (формулар кој ќе ви го даде контролното и сертификациско тело) за контрола и сертификација на планираното органско производство, која потоа се поднесува до сертификаторот.
- Врз основа на доставената апликација, контролното и сертификациско тело ќ ви достави понуда со наведени трошоците и условите за вршење на контролата и сертификацијата.
- Доколку производителот реши да продолжи со процесот на контрола и сертификација, потребно е на контролното и сертификациско тело да му достави подетални информации за планираното производство по што се потпишува договор за контрола и сертификација. Со потпишувањето на договорот, официјално отпочнува постапката за контрола и сертификација. Немаме информација дали и кога доаѓа сертификаторот на увид на лице место прв пат и последователно. Исто така не сме информирани дали се прават било какви тестови на почва, вода или производи.
- Контролното и сертификациско тело има право во кое било време да врши ненајавени контроли во процесот на производство и придржување на принципите на органското производство.
- Доколку контролата покаже дека производителот не се придржува на принципите на органско производство, контролното и сертификациско тело има право да изрече соодветни казнени мерки, како и да го одземе стекнатиот сертификат.
- Во склоп на Министерството за земјоделие постои инспектор за органско производство кој по пријава на нерегуларност треба да оди на увид и посета. Тој го контролира индиректно и самиот сертификатор, и производителот.
Доколку сте сертифициран производител и имате повеќе информации за процесот кој го имате поминато, контактирајте не да ги ажурираме податоците. Благодариме.

Актуелно