Пермакултура
Што е пермакултура?
Пермакултурата преставува метод за дизајнирање, или мисловна алатка, со кој се делува во човековата околина и со негова поддршка резултира до одржливи пејзажи кои ги имитираат (се обидуваат да воспостават слични односи како во) природните екосистеми. Со поврзување на различни делови на повеќе системи на еколошко чувствителни начини, пермакултурата постигнува високи приноси со ниски енергетски влезови, додека истовремено ја надградува плодноста пред се на почвата, низ последователните сезони.
Ова може да се сувопарни зборови на дефинирање без конкретното значење. Од практичен аспект, пермакултурата значи градина во дворот која со релативно малку работа во текот на годината не снабдува со изобилство органски произведена храна. За други, пермакултурата значи рурален посед кој е отпорен на поплави, суши или пожари, додека обезбедува храна, вода и енергетска сигурност во наредните декади на светска нестабилност. За трети …
Пермакултурата комбинира три клучни аспекти:
- Етиката – во етичка рамка
- Внимателно набљудување за тоа како работи природата, и
- Дизајн
Оваа комбинација потоа се користи за создавање одржливи земјоделски продуктивни, и незагадени, здрави населби (не само градини!). За многу места, тоа значи адаптација на постоечките населби. Во други случаи, тоа може да значи почнување од нула. Под населби се подразбира и градот и селото, но во обата случаи се нудат интересни предизвици и можности.
Зборот „пермакултура“ првично доаѓа од спојката (permanent agriculture) постојано земјоделство, за подоцна да се надгради до значењето (permanent culture) трајна култура – нежно живеење на планетата во хармонија со природата кое не прави доволно сигурни дека можеме да ги одржиме човековите активности и опстојба за многу генерации што доаѓаат. Трајноста не значи се да остане исто. Всушност, се работи за стабилност, за продлабочување на почвата и почиста вода, за просперитетни заедници во самобитни региони, за биодиверзифицирано земјоделие, социјална правда, мир и изобилие – сите оние позитивни претстави за светот кои ќе ги најдете во стихотворбите од прво одделение;-)
Едно е сигурно, пермакултурата е фасцинантен предмет со многу аспекти, и таа се уште се развива. Уште еднаш, во кратка верзија, пермакултурата е софистицирано еколошко разбирање на светот и природата испреплетено со здравиот разум кој а преку дизајнот создава долгорочно одржливи плодни пејзажи, како за човекот, така и за природниот свет.
Извор: http://agroalternativa.info/shto-e-permakultura/
Како пермакултурата се разликува од органското производство?
Пермакултурата гледа на односите помеѓу елементите (луѓето, животните, растенијата, објектите) холистички, сеопфатно. Пермакултурата е начин на живот, не само на прехрана. Во пермакултурата на пример се тежнее да нема излез на ресурси во системот и истиот да се тежнее да биде само доволен – она што е излез од еден систем (сива вода на пример, или измет од животни) се користи како влез во друг систем (сивата вода може да се користи за наводнување после природно прочистување, а изметот во компостот за ѓубриво). Ова се само мал дел од разликите – органското производство е на некој начин комерцијалната етикета на здрави производи и главно се концентрира на производство на храна, додека пермакултурата се занимава и со архитектура од природни материјали, транспорт, едукација, енергија, средства за хигиена….
Препорачуваме:
Бесплатни он – лајн часови по пермакултура тука.
Бесплатен курс за почва од универзитет во Британија тука.
Се` на едно место за пермакултурата тука.
