Посета на Еко Груп – Кавадарци

Еко Груп произведува втеглени производи од органски суровини. На менито можат да се најдат органски ајвар и лутеница, пинџур, многу видови џемови, хумус во разни вкусови, доматни сосови подготвени за консумација….Многу од пријателите знаат да искоментираат “каков е тој органски ајвар, па нели во долгиот процес на термичка обработка пиперката губи од органското во себе?” Нутритивно пиперката секако дека губи без разлика дали е органска или не е. Но да не заборавиме дека органското производство е битно не само за нас, туку и за почвените микро организми и сиот жив свет околу нас. Нас при посетата не интересираше нешто друго – како изгледа да се излупат стотици килогами печен пипер;-) Погледнете ја на сликата (златната) машина која помага во процесот – и отстранува 80% од лушпата која потоа секако мора да се доработи рачно.

Повелете на рачно изработен ајвар во Наша Добра Земја.

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉