Посета на Зоралек Маринковиќ – Мариово

Одгледувањето на пчелни семејства претставува семејна традиција на фамилијата Маринковиќ повеќе од 50 години. Во моментот се грижат за околу 400 пчелни семејства распространети на три локации во Прилепско Мариово (еколошки чист регион) и истите се одгледуваат според регулативите за органско земјоделско производство.

Во 2013 година имаат изградено современ објект по сите европски стандарди во Општина Градско и истата година е пуштен во употреба (слики). Во 2015 година започнуваат со прозводство на брендот ФЛОРЕО со неговите под брендови – неколку видови на мед во мешавина со билки, какао, прополис, ѓумбир…

Нашата соработка со Зоралек Маринковиќ почна во 2015 по нашата посета да се увериме дека ова се навистина е така, и можеме да признаеме дека е;-) Амбициозниот пристап за успех се приметува веднаш – сите членови на семеството се детално запознаени со процесите и се длабоко инволвирани во сите активности со голема желба да го пренесат знаењето на посетителите. При нашата посета добивме еден пчелин кош на информации во изобилие, какви што се и вкусовите на медот 😉

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉