Посета производител – Кочани
При редовните посети на производителите од кои набавуваме се уверуваме во органскиот пристап во производството. Особено важен за нас е личниот контакт со секој производител – така ги следиме активностите на терен и ја градиме довербата обострано.
При посетата на еден производител во околината на Кочани, се запознавме со начинот на правење домашен компостен чај како природно средство за прихрана на растенијата. Производителот покрај своите природни средства набавува и органски препарати кои ги користи во производството за заштита и прихрана.
Водата која се користи за полевање е од непосреден извор, а околината чиста и без френквенција на возила или друг тип на загадување.
Од овој производител во продавницата можете да набавите повеќе видови на зеленчук и едногодишни овошки.
