Придобивките за еден производител
Кои се и дали реално ги има придобивките ни одговари Валентина од сертификациското тело Балкан Биосерт – сеопфатен увид, благодарност до Валентинa –
Во текот на 2016-2017 со поддршка од Македонско Еколошко Друштво (МЕД), Наша Добра Земја реализира проект за обука и ширење на свеста за органско и пермакултурно производство на храна и севкупно живеење, во склоп на поголем проект кој МЕД го спроведува “Зачувување на биолошката разновидност преку одржливо управување со ресурсите на Шар Планина” кој има за цел Шар Планина да ја прогласи за национален парк.
Преку проектот организиравме 6 дневна обука за производители во Скопје, а во текот на фебруари ќе организираме уште една во Полошкиот Реон.
Во текот на април 2017, како дел од проектот, во 4 училишта ќе создадеме органски градини. Доколку сте заинтересирани да земете учество како волонтер, контактирајте не.
