Средство за алишта од див костен
Листот и плодот на дивиот костен содржат сапонини што ги прави погодни за замена на хемиските прашаци за перење. Течноста се става во машина каде што се става прашакот обично. Ние исправме една машина со алишта во боја, алиштата се чисти без никаков мирис – конечно да не се чуствуваат тие интензивни вештачки мириси…. Инаку се додава есенцијално масло ако мирисот игра улога. За тврди води треба да се додаде и оцет.
Откога ќе се искршат (или изблендаат со вода) костените, садот се полни со вода и се остава да преноќи (ако се блендани со вода може да се користи после 30мин). Утрото се процедува течноста од теглата и е спремна за користење.
Истата течност може да се користи и како природен шампон за коса.

Актуелно