Стани член

ЗОШТО ЧЛЕНСТВО?

IMG_9684

  • Зачленувањето обезбедува пониски цени за 10-30% на производите.
  • Членството значи приоритет во производи
  • Секој член набавува неделна органска кошничка со свежи производи
  • Ги поддржувате малите органски производители во Македонија
  • Го поддржувате органското планирано производство
  • Помагате во емитирање на помалку хемија во почвата која ни ги загадува водите и воздухот
  • Станувате дел од првата задруга на потрошувачи во земјата
  • Добивате пристап до информации за органско производство во регионот, и можност за учество на волонтерски акции и посети на производители

ЦЕНИ И ПЛАЌАЊЕ

  • Годишна чланарина: 1.800 ден. Важи од датата на уплата до истата дата следната година.
    • Постои можност за 4 “пробни кошнички” без уплата на чланарина.
  • Цена на кошничката: 500 ден. е фиксна цена секоја кошничка (за ориентација, една кошничка по нечленски цени би чинела cca 650 ден.)
  • Кошничката содржи свеж зеленчук и овошје.
  • Доколку сакате да смените некој од производите од кошничката, тоа можете да го направите во дуќанот од дополнителната кошничка направена за таа потреба.
  • Доколку не сакате обврзувачка кошничка, имате опција за кошничка по потреба (ни најавувате една недела претходно) а составот на кошничката го правите вие. Ваквата кошничка ве обврзува на годишна чланарина од 1800 ден. а производите ги добивате по нечленски (повисоки) цени. Членството ви гарантира пристап до производи кои ги добиваме во ограничени количини а ги нудиме исклучиво на членови.
Феб 2016
Феб 2016
Јуни 2015
Јуни 2015
Пролет 2015
Пролет 2015
  • Состав на кошничката: секогаш органски локални свежи сезонски плодови.
  • Плаќањето за  кошничките се прави однапред за месецот кој следи. Во банка уплаќате број на кошнички колку што има четвртоци во месецот (4 или 5, проверувате) соодветно 2.000 ден или 2.500 ден. и потоа ги подигнувате кошничките.
  • Ја добивате вашата прва кошничка следната недела по извршената уплата
  • Со цел заштеда на дрва и хартија, ф-рата за секоја кошничка наместо да ја принтаме, секоја недела ја објавуваме на fb во групата. На тој начин имате увид за што плаќате и по која цена од кошничката.
  • Доколку одлучите да се откажете од членство пред неговото истекување, не сме во состојба да ви ја вратиме/дел од чланарината.
мај 2016
мај 2016

ПОДИГНУВАЊЕ И ЛОГИСТИКА

  • Подигнување на  кошничката:  секој  ЧЕТВРТОК. (Кошничката може да ја подигнете и петок и сабота, во четврток производите се најсвежи)
  • Постои можност за само две неподигнувања на кошничка во годината (не известувате). Тоа е така поради тоа што се обидуваме да направиме договори со производителите и потоа сето тоа паѓа во вода поради откажување во периоди кога тие имаат најголеми количини!
  • Во можност сме кошничката да ви ја доставиме до дома за +100 ден за било која дестинација во Скопје, по претходна најава.
  • Доколку би сакале да волонтирате и да ја поддржите Наша Добра Земја, пријавете се на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/1oo9JygOL-zNTOCuGCyYBKSvrHvHy_WDnQinRNXhn1G4/viewform?c=0&w=1&usp=mail_form_link
  • “Кошничките” се всушност дрвени и хартиени гајби кои ги ротираме. Ве молиме носете ја претходната при подигнување на следната.
Јуни 2016
Јуни 2016
  • Се обидуваме да не  употребуваме  пластика,  да ја реупотребуваме  и  рециклираме амбалажата која  ја  користиме (користиме само хартиени кеси). Донесете своја торба и пластични кутии од дома кога купувате кај нас!

Повеќе инфомации: Наша Добра Земја_Членство, Наша Добра Земја_Уплата, Наша Добра Земја_За нас

За да станете член контактирајте не на info@dobrazemja.org или пополнете го следниот формулар:

    Име

    Еmail адреса

    Напиши нешто повеќе за тебе

    Актуелно
    • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

      И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉