Задруга Наша Добра Земја

Наша Добра Земја е првата задруга на потрошувачи во Македонија. Како основачи на задругата сме засегнати за општествените процеси во Македонија, нивното влијание врз здравјето на луѓето, растурањето на локалните заедници и сузбивањето на локалните иницијативи. Како главен “чадор” елемент ни преставува загадувањето и несвесното (неразумно) користење на природните ресурси и нивно бескрајно загадување.

index10Свесноста за сегашниот и идниот ефект од овие факти врз нас и нашто најблиско опкружување не натера да иницираме организација која ќе се обиде да биде светол пример на повеќе полиња од нашето постоење, а во врска со храната. Не поради друго, највеќе поради тоа што сметаме дека нема друга опција а да се прави компромис со личното здравје и здравјето на нашата заедница – е веќе недопусливо.

Во зависност од аспектот на “успешност” и точката на гледање на истата, не отстапуваме од она кое внатрешно го чуствуваме како “треба да биде”. Растеретени од “раст” и акумулација на профит, сме во голема предност во насока на постоење според модел (на задруга) кој веруваме може да реши доста постојни проблеми во снабдувањето и производството на храна денеска.

Темите кои ги опфаќаме со нашето работење (нашите “слаби точки”) се премрежуваат со повеќе науки/дисциплини обединети можеби во фразата “еколошки и општествено одржливи системи за локален суверенитет во исхраната”.  Сакаме да поставиме организација која ќе биде што е можно повеќе хоризонтално поставена, трансарентна и социјално и општествено ориентирана. Постоиме за да поставиме алтернатива на на постојниот систем на производство, дистрибуција и консумација на локална храна.

Со своите активности се занимаваме со:

  1. Суверенитет во прехраната – кој модел ни обезбедува здрави локални заедници базирани на меѓусебна поврзаност и доверба преку заштита на природата?
    1. Зошто локалните производители не се оние врз кои се темели нашиот систем на прехрана?
    2. Директно поврезување на потрошувачи со производители – скратување на ланецот на достава и загадување, доверба, социјална кохезија.
  2. Јавни градини и компости
    1. Зголемување на јавната свест за гадинарење и свое производство на храна (со најмал еколошки оттисок)
    2. Компостирање на сиот био отпадindex11
  3. Рециклажа, реупотреба на материјали
    1. Намалување на сметот при достава на производи
    2. Намалување на загадувањето произлезено од транспорт на производите

Како го правиме ова?

Организираме продажба само на македонски органски производи на два начини:

  • Преку органска неделна кошничка за членовите
  • За потрошувачите кои не се членови во задругата (преку  продавницата на задругата во Тафталиџе).

Наша Добра ЗемјаОдлуките ги донесуваме колективно, се трудиме да бидеме што е можно потранспарентни, профитот (доколку го има) ќе биде наменет исклучиво за поддршка на идејата за која сме формирани – што повеќе луѓе во Македонија да конзумираат локални органски проверени производи за што пофер цени.

Производителите (особено малите) во Македонија не им продаваат директно на потрошувачите (им преставува дополнителна обврска покрај производството за која често немаат вештини). Задругата на потрошувачи им помага да добијат пристап директно до потрошувачите и пазарот и да ги пласираат своите производи. На пазарот доминираат големите дистрибутери и ланци на маркети, кои додаваат маржа и ги диктираат правилата во врска со цена, услови, и количини на производи. На тој начин малите органски производители се маргинализирани и истиснати, и пазарот не им е достапен. А токму тие можат да допринесат и произведат најздрави и најквалитетни органски производи.

Преку задругата остваруваме директен контакт со производители (не соработуваме со застапувачи и трговци).Тоа на нас потрошувачите ни овозможува ретка можност да го знаеме секој производител со кого соработуваме, да го посетиме, да сме уверени дека произведува на органски начин.

Во продавницата не користиме пластични кеси. Понесете своја торба од дома кога купувате кај нас. images

Како знаеме дека производите кои ги продаваме се навистина органски?

Моментално производите кои ги обезбедуваме во поголем дел се со сертификат за органски производ / органски во преод издаден од сертификациско тело во Македонија, но работиме на модел кој ќе поддржи производители кои веруваат во мотивот позади производство кое повеќе и допринесува отколку што ја исцрпува природата. Реализиравме проект (награда за прво место која ја освоивме на ниво на Балкан) кој резултираше во Стандард за производство на Наша Добра Земја кој бара примена на не само органски принципи, туку и принципи на целовитост преку заштита на биодиверзитетот, почвата, водата, воздухот – елементи кои не се секогаш опфатени со процесот на органска сертификација.

лого(2)Дополнително, изведуваме лабораториски тестирања за пестициди на сите производи кои ги продаваме (без разлика дали се или не се со сертификат).

Луѓе се луѓе….секој за пари би направил се`.

Точно, и од тие причини соработуваме директно само со производители кои ги имаме посетено. Како и потрошувачи, има и производители кои веруваат во истата кауза. Поддржувајќи ја задругата, директно влијаете на поддршка на мали органски македонски производители. Во соработка со нив, организираме отворен ден на парцелата кај производителите, и секој има можност да ни се приклучи. Доколку сте заинтересирани да земете учество, пратете ни e-mail на info@dobrazemja.org.

Освоени награди:

  1. Прво место за социјално претприемнишство во Македонија 2015
  2. Прво место регионална награда за Филантропија преку Зелени Идеи 2015

Social impact awardfilantropija

 

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉