Локален систем за храна

Што е систем на прехрана?

Системот за прехрана се состои од сите аспекти на производството на храна (начинот на кој плодовите се одгледани, собрани, процесирани, спакувани), дистрибуцијата на храна (каде и како храната е достапна за продажба за конзументот) и како истата е транспортирана. Системите за храна може да се поделат на два типа: глобален индустриски систем за храна, којшто е само еден, и одржливи/локални (или регионални) системи за храна, кои ги има многу. Глобалниот индустриски систем доспева до многу поголема географска ширина отколку локалниот или регионалниот систем за храна.

IMG_2610

Што е локален систем за храна?

Терминот “локален систем за храна” се користи да опшие начин на производство и дистрибуција на храна кои географски се лоцирани локално наместо да бидат национални или интернационални. Храната е одгледана во непосредна близина на домовите на потрошувачки наместо да е дистрибуирана многу километри како што тоа е вообичаено на системскиот глобален начин. Локалните иницијативи за производство на храна се најчесто органски (одржливи практики), додека глобалниот систем се заснова на индустриско конвенционално неодржливо земјоделие.

Дистрибуција на храната: начинот на кој локалната храна стигнува до потрошувачот

Начинот на кој храната стигнува до крајниот потрошувач е многу различна во локалниот пристап наспроти тој во конвенционалниот глобален индустриски систем. Развојните технологии (ладен транспорт, оптимизација на времињата на достава и нивно детално следење) во комбинација со субвенционирани трошоци за гориво и изнаоѓање на нови начини за берење и транспорт на храна, овозможуваат конвенционалната храна да биде транспортирана многу големи дистанци за релативно ниски цени. Глобалниот конвенционален систем во голема мера се заснова и зависи од централизиран пристап на процесирање и пакување – локацијата каде тоа се прави обично е доста далеку од производителот и конзументот. Локалниот систем ги цени кратките и директни “ланци” на достава – обично директно од производителот до потрошувачот. Вообичаено во локалниот пристап не се застапени ниту медијатори, се користи многу малку или воопшто материјал за пакување, и дистанците кои се поминуваат за достава се минимални (свежа храна – помало загадување).

Одржливи локални ланци за храна

Наша Добра ЗемјаЛокалните иницијативи за достава на храна обично почнуваат на помали, одржливи фамилијарни фарми. Производите се доставуваат еднаш неделно во заедницата во која се наоѓа фармата. Локалните одржливи ланци се засноваат главно на два типа на продажба: директна кон потрошувачот или директна кон трговец (или пазар, задруга, исл).

Директна продажба

Овој тип на продажба во светот е најзастапен во локалните иницијативи. Директната продажба значи дека во врската производител – потрошувач, сите медијатори се прекратени – производителите ги продаваат своите производи дирктно на потрошувачите, наместо тоа да го прават преку трети лица/маркети. Често застапени начини на директна продажба вклучуваат:

  • Пазар на фармери
    Пазарите на фармери се одржуваат на јавни места на кои бројни производители се собираат и ги продаваат своите производи директно на потрошувачите без препродавачи. Пазарите на фармери може да бидат организирани од општината во која се одржуваат, и можат да бидат сезонски, или да се одржуваат во текот на целата година.
  • Земјоделие поддржано од заедницата
    Модлот на земјоделие поддржано од заедницата е конкретна програма според која потрошувачот однапред купува “удел или акција” од очекуваниот род на фармата за дадената сезона. Потрошувачите обично за твојата акција плаќаат однапред; а тој начин ризикот и добивката се еднакво споделени помеѓу потрошувачот и производителот – доколку годината е плодна, сите вишоци подеднакво се споделуваат и обратно. Производите или се подигнуваат од заедничка локација на неделно ниво, или истите се доставуваат до домот на потрошувачот, зависно од договореното. Се претпоставува дека има околу 2.500 вакви иницијативи во САД. Во Македонија прв обид е во тек и се подигнува неделна огранска кошничка во Првата задруга на потрошувачи на органска храна Наша Добра Земја.
  • Друг вид на директни модели
    Постојат и фарми коишто се отворени за своите потрошувачи да дојдат и сами да си наберат од производите кои ги сакаат свежи.

Глобалниот индустриски систем за храна

Мејнстрим системот за производство и дистрибуција на храна започнува на големите, индустриски фарми во кои монокултурите (кога станува збор за овошје и зеленчук) и фабричко фармерство (во случај на животински производи) се правило. Производите од фармата се транспортираат до централизирана локација за пакување, процесирање и инспеција, потоа се транспортираат национално или интернационално кога финално ја достигнуваат својата цел – обично во конвенционален супер маркет или трговски ланец.

Како што фармите се консолидираат низ периодот од минатит 50 години, истото се случува и со целата индустрија за храна. Консолидацијата значи здружување на фирми и сопственост по што резултатот е дека нашата храна моментално е во рацете на мал број на светски корпорации, како и тоа дека храната која денеска ја конзумираме има поминато огромни дистанци за да стигне до нас. Малите иницијативи не се во состојба да се борат со овој систем, и најчесто или се затвараат или се купени од големите.

Зошто локалните иницијативи за храна се важни?

Поддржувајќи локални иницијативи за храна им помагате на локалните одржливи фарми, помагате за поддршката и помошта на нашите локални заедници, за нашто подобро здравје и ја стимулирате локалната економија. Ова се неколку конкретни причини заошто локалното производство и конзумација на храна се важни:

Одржливост

Индустриските методи негативно влијаат на природата на многу начини – го загадуваат воздухот, водата, користат фосилни горива и водени ресурси, ја дегадираат почвата, предизвикуваат ерозија, и го забрзуваат негативното влијание врз биодиверзитетот. Индустриското земјоделие исто така негативно влијае на здравјето на фармерите – ги деградира локалните заедници, негативно влијае на квалитот на живот на резидентите на локалните заедници. Треба да се знае дека било која храна во просек поминува 2.000 до 3.500 км пред да стигне до потрошувачот, дополнително на што се користи и загадување за пакување, ладење… Малите локални фарми ги решаваат сите овие прашања преку тоа што се фокусираат на користење на одржливи практики на производство, не користење на пестициди, земјоделие без орање, минимален транспорт до конзументот, и минимален или никакво пакување на производите.

12804700_10206192291382653_303915491758864119_n

Сигурност, здравје и нутритивна вредност

Како што производството на храна е вмрежено во глобалниот систем, ризикот на сигурност, како на пример зарази поврзани со храната, се зголемува. Кога се процесираат огромни количини на месо на пример, постои поголема можност за несоодветен третман и намалување на стандардите. Во случаи на зарази, со една интернационална или национална достава на производот заразата завзема голем бран.

Дополнително, интензивно зголемување на произведените количини со цел храната да биде доставена на право место во право време, се` се случува на сметка на нутритивната вредност на храната. Глобалниот систем се заснова на видови кои даваат голем род и се лесни за транспорт, а нутритивната вредност воопшто не е земена како фактор. Локално произведените свежи производи во мали размери се неспоредливо поквалитетени нутритивно, поздрави произведени без хемија, од локални семиња.

Безбедност на прехрана

Обединетите Нации сметаат дека “безбедноста на храна постои кога луѓето, во секое време, имаат физички, социјален и економски пристап до доволна, сигурна и здрава храна која ги задоволува нивните потреби и преференци за активен и здрав живот.” Локалните системи за храна ја подобруваат сигурноста за прехрана со тоа што локалната свежа храна ја прават достапна за луѓето кои инаку би имале лимитиран пристап до здрава храна.

Поддржете ја локалната економија и локалните производители

Локалните системи за храна ги поддржуваат локалните економии. Малите фарми dedo ljubeпоследователно повторно ги трошат своите средства за набавки во самата заедница; нешто што не е случај со индустриските производители. Храната која е произведена, процесирана, и дистрибуирана локално креира работни места локално, во самата заедница а не генерира одлив на тие средства надвор од заедницата. Бидете свесни од каде купувате, тој систем го поддржувате!

Бариери кон креирање на локални системи за храна

Иако локалните иницијативи се во пораст, постојат бројни бариери во нивно креирање и раст. Бидејќи севкупно системот е моментално организиран на начин кој ги фаворизира (според теркот) на големите, малите се маргинализирани и практично оставени да преживеат во систем кон не е скроен според нивните потреби. Примерите за предизвици како мал фармер се многубројни – тие имаат проблем да се конкурираат со системските конвенционални апаратуси на големите производители – почнувајќи од маркетинг, до трошоци и пристап до финансии, пристап до пазар и препознавање од страна на конзументите за нивната додадена вредност (развој на нови модели на локални економии/групи на потрошувачи), недостаток на алатки/познавање на бизнис и технологија, наоѓање на процесори за мали органски количини, исл.

Хабови за храна: можност за експанзија на локалните иницијативи за храна

Како што побарувачката за локална, свежа храна расте, се отвара можноста за развој на иновативни програми кои можат да им помогнат на малите фармери со пристап до пазарот. Едно вообичаено решение во светот на сите овие логистички, маркетинг, продажни проблеми за производителите, е формирањето на хабови за храна, кои нудат помош за потребите. Хабовите се вообичаено локации каде фармерите ги доставуваат своите производи а хабот ја организира доставата за потрошувачи кои сакаат проверена локална храна без хемија. Некои хабови исто така организираат и достава до потрошувачите, рестораните и институциите. Хабовите организираат маркетинг активности, нудат бизнис услуги, и логистичка координација. Исто нудат и можности за складирање и обезбедување на ладилници за производите, а не ретко се опремени и со кујна и можности за лесно процесирање на некои видови производи. На овој начин хабовите обезбедуваат работа за малите, локални фармери, помагат во креирање и одржување на локални работни места, и го отвараат и растат пазарот за локална, свежа, органска храна дури и од урбани или приградски производители.

fb page

Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉