Дали органското производство е одржливо?

Што е всушност “органско” производсто на храна? Во последните години зборот органско го гледаме се почесто – и истиот неизбежно добива комерцијална етикета. Што е органско со гаранција значи дека треба да е подобро, и поздраво.

Гоџи бобинки
Гоџи бобинки

Во принцип, тоа треба и да е така. Во себе, органското производство содржи многу повеќе вредност ако е имплементирано според органските принципи на производство, отколку само обезбедување на храна за човекот која не е третирана хемиски.

Како би го дефинирале органското производство?

За Наша Добра Земја, органско производство е и треба да биде набљудување и приближување на човекот кон природата. Обзервирање на природните принципи и начела на род на плодови, и нивна имитација (или обид за истото) од производството. Какви решенија и перфектни соодноси и релации има реализирано природата; како наоѓа одговор за многу невозможни прашања, така и во продуцирањето на плодови – природата точно прави како што треба и кога за тоа ќе се створат соодветни услови.

Поради зголемените потреби за прехрана на човештвото, човекот го напушти блискиот однос со природата и нејзините начела, и секако – проткаено со его, желба за надмоќ и акумулација на материјални добра – се ориентира во целост кон неповратно исцрпување на природните ресурси. А повратно – сее ѓубре и непреработливи материјали кои дополнително ги задушуваат природните ресурси и моќи.

Кој е правиот пат понатаму, како до повеќе органска храна која не е комерцијална?

IMG_9699

Во светот, а во последно време и во Македонија интересот за практикување на одржливо земјоделие расте, иако едногласен и прифатен договор за како да се постигне истото, останува не до крај дефиниран аспект.

Одржливост – концептот на одржлив начин на живот е во сржта на сериозни дискусии низ светот денеска, на теми поврзани со човековата употреба на земјените природни ресурси. Сепак, не постои прифатено и усогласено значење на зборот одржливост, покрај можеби првобитната и интуитивна претпоставка за тоа што тој подразбира.

Понекогаш органско производство на храна се поистоветува со одржлив систем на земјоделие, други пак тврдат дека едното е различно од другото. Во овој текст, на кратко се обидувам да ја истражам врската помеѓу органскиот начин на производство на храна и одржливото земјоделие.

Што се подразбира под одржливо земојделие?

svinceЗемјоделието во моментот користи инпути кои што доаѓаат од се подалечни дестинации (увоз), троши, зависи и загадува од енергија која не е добиена од обновливи извори (нафта), е зависно од пестициди, хемиски ѓубрива и државна помош (субвенции), предизвикува енормна штета на одржување на биодиверзитетот, ги загадува водите, преставува ризик кон човештвото – неговото здравје и севкупниот добробит на сите живи суштества на Земјата.

Зборот одржливот (sustainability на англиски) потекнува од латинскиот збор “sustinere” и значи да се одржи во постоење, претпоставувајќи долгорочна поддршка и перманентност.

Во поширока смисла, може да се каже дека одржливо земјоделие може да ја одржи својата продуктивност и употребливост кон општеството во долг рок – мора да биде во согласност со природните принципи, да ги зачувува ресурсите, да биде економски оправдано и поддржувачко кон општеството, комерцијално конкурентно, и здраво кон околината.

Моментално дискусиите во светот се одвиваат на темата како да се постигне одржливост и при тоа кои сегменти од производството се прифатливи, а кои не се за истото да се смета за одржливо.

Органско земјоделие

Како и за се, така и за органското земјоделие има многу дефиниции. Скофилд (1986) истакнува дека IMG_9683концептот на “целосност” во органското земјоделие препоставува “системска поврзаност” и координација на деловите во нивната целина. Нортборн (1940), човекот кој е запишан како првиот кој го има употребено терминот органско земјоделие промовирал општество создадено од мали, само доволни делови (целини) наспроти големи имперсонални – тој има големо значење и денеска во она што активистичките движења за зачувување на животната средина низ светот го пропагираат како цел и вредност.

Според Лампкин (1994) целта во органското земјоделие е да се создаде интегриран, хуман, систем одржлив за околината, економијата кој ја зголемува поврзаноста кон извори на енергија произлезени од самата фарма, како и менаџмент на еколошки и биолошки процески и поврзаности, со цел да обезбедат прифатливи количини на род, задоволени потреби за човекова исхрана, заштита од штетници и болсти.

Принципите на органското производство и процесирање според ИФОАМ (Интернационалната федерација на движењата на органско земјоделие)

Органското земјодели е/треба: органско лого

  • Да произведе храна во доволни количини со добар квалитет
  • Конструктивно да се поврзе со природните циклуси и системи изнудувајќи живот.
  • Да поддржи и зголеми биолошки циклуси на фармите, вклучително микро организми, почва, фауна, растенија и животни.
  • Да развие вреден и одржлив аква еко систем.
  • Да ја одржи и долгорочно подобри плодноста на почвите.
  • Да ја одржи генетската различност на околината, вклучувајќи ја заштитата на растенијата и животните.
  • Да ја промовира здравата употреба на водите, водените ресурси и сиот живот во неа.
  • Да употребува, колку е можно повеќе, обновливи извори на локално органиирани производствени системи. Да создава хармоничен баланс помеѓу производството на растенија и животни.
  • Да ги обезбеди сите потребни услови за живот на животните со должна почит кон нивните основни внатрешни потреби.
  • Да ги намали сите извори на загадување.
  • Да процесира органска храна употребувајќи обновливи ресурси. Да произведува целосно био разгладлици органски производи.
  • Да произведе материјали кои се со долг рок на употреба и со добар квалитет.
  • Да напредува кон целосно производство, процесирање и ланец на дистрибуција којшто поеднакво е фер и еколошки одговорен.

Органско земјоделие, регулатива и одржливост

esenski plodovi

Постојат истражувања кои наведуваат како не мора само големи, модерни фарми кои користат тешка механизација и синтетички хемикалии да бидат искучително неодржливи. Постојат случаи (во Грција, Либан, Крит, Северна Африка) на органски фармери кои се уништени поради нискиот приход (и род), поради неодржливи производствени практики. Тоа се фармери чии практики придонеле кон ерозија но биле без сомнеж органски производители, но “органски од небрежност” или не знаење.

Главното прашање е – кој пристап е одржлив во економска и социјална смисла на зборот (дали ќе ни произведе доволно храна за растечкиот број на жители во општествата)?

Ниво на продуктивност на одржливите системи

Денеска прашањето е како да дизајнираме одржливи земјоделски системи кои имаат ниво на продуктивност доволно високо да го одржат моменталниот светскиот демографски тренд на драстичен пораст на популацијата, особено во земјите во развој каде тој е најголем. Дополнително, земено во предвид дека се повеќе жители има во градовите, а се помалку работна сила во пределите каде се практикува земојделие.

Ако се знае дека –

  • Кога фрлената храна секој ден во светот би преставувала земја, би била третиот најголем загадувач во светот (по САД и Кина)!
  • Во Индија, 21 милион неупотреблива пченица се фрла секоја година од причини на несоодветни услови за чување и неразвиен дистрибутивен систем (FAO, 2011)
  • Секој ден само во Виена се фрлаат 3тони неискористен леб
  • Во светот денеска СЕКОЈ ДЕН се произведуваат 2720 Kcal / човек / дневно (потребни се 1800-2100)
  • Милиони луѓе секојден не ги добиваат потребните калории

IMG_9535Суштинското прашање воопшто и не лежи во тоа кои модели на производство на храна ги практикуваме, туку е многу посуштинско и вплеткано за разрешување – станува збор за светски политички игри на превласт, борба за природни ресурси, наметнување на личните (национални, континентални) преференци и позиции наспроти светските и грижата за човешството во целост.

Човештото да биде по одржливо во однос на својата прехрана мора:

  1. Да ја произведува храната на локациите каде таа е најпотребна (достапност, пристапност, стабилност и корисност на храната)
  2. Да ги заштите основните човекови права на суверенитет во исхраната и одржливост на биодиверзитетот
  3. Да ги зачува и обнови почвите и екосистемите и да престане со понатамошна нивна деградација
  4. Да ја намали зависноста на необновливи извори на гориво
  5. Да го намали негативносто влијание кон природата и општеството
  6. Да осигура нутритивна, сигурна и здрава исрхана
  7. Да создаде реални можности за вработување и заработувачка во руралните средини
  8. Да обезбди зачувување на екосистемот во локална и глобална смисла.
Актуелно
  • Триото “Органско Зелено“ стана квинтет

    И ве поздравува од Добра Земја: марула, блитва, млад лук, млад кромид и неговото височество – СПАНАЌ 😉