Зошто задруга?
Дали е правиот момент да го поставиме алтернативниот модел на првата задруга на потрошувачи и дали истиот ќе биде јасен за пошироката јавност? После повеќе од 1 год функционирање, искуствата ни се различни.
Она што сакавме да го постигнеме преку задругата, (според законот возможно), беше следното:
- Еден вло
г = еден глас. Модел во кој сопственоста не е за профитна цел. Целите на вложувачите се (главно) општествени.
- Достапност – низок влог. 50% од влогот добивате назад доколку отстапите (можност да финансирање на задругата на релативно поедноставен начин).
- Секој косопствник се очекува (волонтерски) да придонесе на било кој начин во работењето на задругата.
- Секој нов косопстеник мора да биде одобрен од постојните – задржување на вредносисте и кохезијата.
Релевантните закони за фирми се апликативни за работењето на задругите.
Формирање на задруга (на потрошувачи) дава одредена флексибилност и можност за изразување на локална цивилна иницијатива во рамки на законски бизнис сетинг. Ги обединува двете на начин на кој основачите тоа ќе го замислат да го реализираат.
Од друга страна пак, задруги (сем за земјоделци) во Македонија не се познат концепт. Моделот зависи од основачите, но целата “клима” не е поддржувачка и се` се сведува на свеста на инволвираните и нивната желба и енергија. За здружување во задруги за остварување на бизнис социјални цели не постои клима во Македонија во моментот.
Што вели законот
Релевантниот законот е Законот за задруги (“Сл. весник на Р Македонија” бр. 54/02 од 4.07.2002 год) вели дека “задругата е здружување на физички или правни лица заради унапредување или заштита на определен број точно дефинирани економски интереси, во сите дејности освен за дејностите во банкарството и осигурувањето и дејностите за кои со закон е забрането основање на задруга.”
Задруга можат да основаат најмалку три физички или правни лица.
Задругата може да се основа како задруга со неограничена одговорност на членовите или како задруга со ограничена одговорност на членовите:
- Во задругите со неограничена одговорност, задругата одговара за своите обврски со целиот свој имот при што нивната одговорност е неограничена и солидарна и
- Во задругите со ограничена одговорност, задругата одговара за своите обврски само со свој имот.
Општо, задругите се здруженија кои се управувани и се во сопственост на членовите на задругата. Ако малку истражите, ќе ги сретнете следните дефинирани седум принципи за задругите во светот:
- Доброволно и отворено членство – задругите се отворени за сите луѓе кои сакаат да ги користат услугите кои ги нуди задругата и се спремни да ги прифатат одговорностите на членување.
- Демократско управување – задругите се демократски здруженија кадешто управувањето се базира врз принципот 1 член – 1 глас.
- Финансиско учество на членовите – секој од членовите на задругата учествува со годишна чланарина.
- Автономија и независност – задругите се автономни, self-help здуженија, управувани од страна на своите членови и ако влезат во договори со други организации, вклучувајќи ги и владите, го прават тоа под услови кои ќе гарантираат демократска контрола на своите членови и задржување на автономијата на задругата
- Образование, обука и информации – покрај економските активности, задругите обезбедуваат едукација и обука за нивните членови, така што членовите би можеле ефективно да придонесат кон развојот на самата задруга во иднина. Задругите ја информираат јавноста за природата и бенефитите на задругарството.
- Соработка меѓу задругите – задругите соработуваат меѓу себе на локално, регионално, државно и меѓународно ниво за да ги постигнат заедничките цели и да го промовираат задружното движење
- Грижа за заедницата – задругите работат на одржлив развој на нивните средини.
