Од кои градови/реони се производите кои ги продавате?
Локалното органско производство има смисла доколку е што поблиску до конзументот. На тој начин, се намалува енергијата која се троши и загадувањето кое се генерира за сметка на амбалажа, транспорт, ладење, исл. Од друга страна пак, Скопје и поголемиот дел од неговата околина не се најчистите предели во земјата, и дополнително, постојат органски производители, но сеуште не во доволен број. Од тие причини моменталните локации од каде набавуваме се:
- Оние кои сметаме дека се најчисти, или пак, доколку нема друг производ од подобар реон,
- Го земаме производот од единствениот од кој имаме можност во моментот.
Во продавницата е забележано од каде потекнува производот, доколку се случи да не е а ве интересира, ве молиме прашајте не.
Конкретно набавувме од: околината на Кочани, Струмица (30км одалеченост), Скопска Црна Гора, Делчево, околината на Кратово, Пробиштип, околината на Виница, Градско (Кавадарци).

Актуелно